Во Кичево ќе се одржи голем футсал Новогодишен турнир

Од:

Во Кичево по 23-ти пат на крајот на овој месец во организација на секторот за спорт во општина Кичево ќе се одржи Новогодишен традиционален турнир во футсал.

Турнирот е предвидено да се одржи во спортската сала “Христо Узунов”која се наоќа во населбата Иванидол. Очекуваме да се пријават поголем број на екипи на само од Кичево туку и од други општини од целата земја. Општината има предвидено нагрден фонд од 3000 евра, вели Бафтир Арслани директор на спортските сали во Кичево, кој дадава дека ќе има и награди и за најдобар играч и голман.
Заинтересираните екипи ќе можат да се пријават до 25 декември, турнирот ќе се одржи три дена на 27, 28 и 30 декември кога се предвидува де се одигра финалето на турнирот.

На претходните новогодишни турнири во Кичево играле и многу фудбалски ѕвезди од земјава но и пошироко како Пандев, Седлоски , Шаќири, Беќири….

Турнирот се игра според футсал правилата на ФФМ.

Би можело да ве интересира

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

ФФМ донесе одлука: Шкендија доби службена победа, а стадионот „Чаир“ доби суспензија

Шкупи и Шкендија нема да го доиграат натпреварот, одлуки ќе носи ФФМ

Катерина Ѓуровски

Обвинителството над две години истражува за сметководителката која со допишување нули извлекувала пари од ФФМ