Во дербито на колото на Примера Атлетико подобар од Реал

Од:

Шампионот на Шпанија Атлетико Мадрид синоќа оствари победа во дербито од 3. коло на Примера совладувајќи го градскиот ривал и европски шампион Реал на негов терен со 2:1. Поведе Атлетиго со голот на Тиаго во 10.минута. „Кралскиот клуб“ изедначи во 26.минута од пенал преку Кристијано Роналдо, додека победата за Атлетико ја донесе Арда Туран со голот во 76.минута.

На другите дуели од ова коло беа постигнати следниве резултати: Селта – Реал Сосиедад 2:2, Малага – Леванте 0:0, Барселона – Атлетик Билбао 2:0 и Алмерија – Кордоба 1:1.

Денеска се играат натпреварите: Рајо Ваљекано – Елче, Валенсија – Еспањол, Севиља – Хетафе и Гранада – Виљареал. Последниот натпревар ќе се одигра утре меѓу Еибар и Депортиво.

Табела: Барселона 9 бодови, Атлетико Мадрид 7, Селта 5, Валенсија 4, Реал Сосиедад 4, Севиља 4, Гранада 4, Малага 4,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска