Во четири дена распоредено 32. коло од Примера

Од:

Со натпреварот Мајорка – Рајо Ваљекано вечерва од 21 часот започнува 31. коло од шпанската Примера Дивизија кое е поделено во четири дена.

Водечките на табелата Барселона и Реал Мадрид кои во средината на следната недела имаат настапи во Лигата на шампионите, своите средби од овој круг ќе ги одиграат утре.

Реал ќе го пречека седмо пласираниот Бетис кој се бори за место кое носи пласман во Лига Европа, додека Барселона ќе биде домаќин на Леванте.

Во другите два натпревари утре ќе играат, Гранада – Ваљадолид и Валенсија – Малага.

Двојките за в недела се: Хетафе – Еспањол, Депортиво Ла Коруња – Атлетик Билбао, Осасуна – Сосиедад и Севиља – Атлетико Мадрид.

Колото в понеделник ќе го комплетираат Селта Виго и Сарагоса.

Табела: Барселона 81 бод, Реал Мадрид 68, Атлетико Мадрид 65, Сосиедад 54, Малага 50, Валенсија 50, Бетис 48,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска