Во чест на Борис Трајковски, дете планинар од Неготино ќе искачува врв во Албанија

Од:

Деветгодишниот планинар од Неготино Ване Бошев викендов ќе го искачува врвот Бресник висок 1.752 метри во Албанија, во чест на годишнината од загинувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски. За ова денеска информираше неговиот татко Орданче Бошев.

– Првите чекори во планинарењето Ване ги направи на неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а има добиено и многу награди и признанија, меѓу кои и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, како млад и надежен планинар, потсети тој.

Притоа нагласи дека младиот планинар трета година учествува во вакви активности со кои се одбележува годишнината од авионската несреќа во која настрада Трајковски.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Загина планинар кој падна во длабока провалија на територијата на Општина Маврово-Ростуше

Горан Наумовски

ВИДЕО: Спасен гловонем човек залутан на Плачковица

Катерина Ѓуровски

Спасен поврeден планинар на Шар Планина

Горан Наумовски

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Планинар починал на Пелистер