Во Битола два натпревари во ракометната плејоф лига

Од:

Во ракометниот шампионат на Македонија денеска ќе се одиграат две средби од 6.коло во плејоф лигата. Двата натпревари ќе се играат во Битола.

Од 15 часот ќе започне дуелот меѓу Пелистер и Борец, додека во терминот од 18 часот е закажан стартот на средбата меѓу Еурофарм Работник и Охрид.

Инаку, во оваа рунда треба да се игра и дербито меѓу Вардар и Металург, но поради настапот на црвено-црните во Лигата на шампионите, како и претстојните квалификациски натпревари на македонската репрезентација, средбата е презакажана за 11 мај, додека два дена порано вардарци ќе го одиграат и мечот од 5.коло против последно пласираниот Борец.

Табела: Металург 15 бодови (5 натпревари), Вардар 9 (4), Охрид 9 (5), Еурофарм Работник 6 (5), Пелистер 3 (5), Борец 0 (4).

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП