Причината за вирусот што се појави пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг се резервоари со вода во тоалетите.
Министерството за здравство на Јужна Кореја соопшти дека резултатите од епидемиолошката студија покажале дека вирусот бил во резервоари со вода во преносливи тоалети. Комисијата претпоставува дека резервоарите не биле добро изолирани.
Вкупно, на Олимпијадата се инфицирале повеќе од 1.000 луѓе, најмногу од персоналот, а меѓу нив имаше и спортисти.
Заболените имале симптоми на повраќање и диареја.