Виља и Алкантара во замена за Руни

Од:

Шпанскиот првак Барселона на Манчестер Јунајтед му ги нуди Тиаго Алкантара и Давид Виља во замена за Вајн Руни.

– Руни го има тоа што е потребно да се биде еден од најдобрите фудбалери на светот. Добро би се вклопил во Барселона. Тој може да игра на повеќе позиции, а најмногу му одговара централен напаѓач, изјави Џерар Пике, дефанзивецот на Барселона и поранешен соиграч на Руни во Манчестер.

И покрај изјаснувањето на менаџерот Мојс дека Руни треба да остане на „Олд Трафорд“ во Барселона веруваат дека можат да го добијат англискиот репрезентативец кој заедно со Бразилецот Нејмар би играл во напаѓачкиот тандем.

Вредноста на Алкантра е проценета на 17,5 милиони фунти, на Виља 8,5, додека откупната цена за Руни е 30 милиони фунти, па останува да се види дали Манчестер ќе ја прифати понудата и доколку ја прифати дали ќе бара плус четири милиони фунти за да се достигне цената за Руни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска