Виланова и следната сезона на кормилото на Барса

Од:

Потпретседателот на Барса, Жозеп Марија Бартомеу соопшти дека Тито Виланова сигурно останува на тренерската позиција на Каталонците и следната сезона.

– Тито ќе ја предводи Барса и следната година. Тој не само што има договор со нас, туку ние имаме голема верба во него. Тој без разлика на тешкиот период кој го пребродува на здравствен план, направи голема работа – вели Бартомеу.

Бартомеу е оптимистички расположен и околу шансите на Барселона во походот кон тронот во Лигата на шампионите, без разлика на дебаклот од 4-0 во Минхен во вторникот. Тој посочува дека главниот фокус им бил кон титулата во Примера, а што се однесува до ЛШ, без разлика што се наоѓаат во незавидна положба, има верба во фантастичните фудбалери на Барса кои имаат се уште шанси за пресврт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска