Виланова: Благодарам Барселона, благодарам на сите

Од:

Тито Виланова кој пред два дена поднесе оставка на местото тренер на тимот на Барселона, излезе со специјално обраќање кон раководството на клубот, фудбалерите и навивачите на тимот.

Тој им се заблагодари на сите за дадената поддршка и најави дека ќе остане блиску до Барселона.

“Благодарам Барселона, благодарам на сите.

По пет неверојатни години успеав да формирам тим кој може да ја оствари секоја желба на секој тренер. Дојде моментот во кој треба да направам промена во мојот професионален живот и да ги посветам сите мои сили и енергија во борбата против ракот, кој ми беше дијагностициран пред година и половина. Третманот треба да продолжи и според лекарите кои ме лекуваат треба да се посветам целосно на тоа. Тоа значи дека не можам да бидам прв тренер на екипа како Барселона. Јас сепак останувам во близина на клубот и продолжувам да работам за овој клуб, кој толку многу го сакам.

Не е лесно да ја напуштам оваа група од толку посебни луѓе, играчи, моите пријатели од тренерскиот штаб и блиските луѓе до мене. Сакам да се заблагодарам за целата поддршка која ми ја дадоа во тоа време. Човечките и фудбалски квалитети на овој тим се неверојатни и докажуваат колку голем тим е Барселона.

Сакам да се заблагодарам особено на претседателот, на целиот одбор на директори и на спортскиот директор Андони Зубизарета за нивната поддршка. Исто така сум должен да се заблагодарам на лекарскиот тим и на д-р Рамон Канал. Во овој натпревар, кој ми претстои нема да играм сам и им се заблагодарувам на сите за поддршката.

Исто така, сакам да им се заблагодарам од срце на сите поддржувачи на Барселона, кои праќаат толку позитивни вибрации кон мене. Нивната поддршка во последните месеци е многу посебна. Сакам да ги уверам сите поддржувачи дека јас сум мирен, силен и влегувам во оваа борба против ракот целосно сигурен дека ќе победам.

Многу благодарам исто така на сите приврзаници на фудбалот, колеги, спортисти и луѓе кои испратија пораки до мене, со кои ме поддржуваат.

Ова се тешки моменти за мене. Сега кога ја напуштив тренерската позиција на Барселона, се надевам дека ќе бидам оставен на мир, како јас, така и моето семејство, бидејќи ми претстојат многу тешки денови и голема борба, на која треба да се предадам целосно.

Не сакам да го завршам ова обраќање без да посакам многу среќа и се најдобро на новиот тренер на најдобриот тим во светот – Барселона.

Благодарам на сите”, Тито Виланова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска