Викендов Меѓународен пливачки митинг „13 Ноември“

Од:

Повеќе од 500 пливачи од 13 земји во Европа викендов ќе настапат на Меѓународниот пливачки натпревар „13 Ноември“ што ќе се одржи на базенот Карпош во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, под покровителство на „Пелистерка“.

Повеќето учесници на натпреварот ќе се обидат да исполнат норми за учество на претстојното Европско првенство што во декември ќе одржи во Израел. Македонија ќе ја претставуваат најдобрите пливачи, меќу кои Мартин Стефановски, Сандра Иванова, Ева Барамачева, …

Натпреварот традиционално се одржува секоја година по повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември. Домаќин на настанот е скопскиот пливачки клуб „Бета“, под раководство на главните тренери проф. д-р Наташа Мешковска, Методија Ангелески и Марјан Соколовски.

– И покрај големата конкуренција, од нашите пливачи очекуваме освојување голем број медали и исполнување на нормите за учество на ЕП, изјави главниот тренер Наташа Мешковска.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска