Викенд на екстремни спортови во Прилеп, првпат рели-крос со џипови

Од:

Овој викенд Прилеп првпат, а воедно и Македонија, ќе биде домаќин на првиот меѓународен рели-крос „Маcedonian trophy“ со џипови, в сабота попладне ќе се одржи скејтерски натпревар на новиот терен кај Паркот на револуцијата, а в недела на полигонот кај Старо Лагово по четврти пат ќе се одржи меѓународната мото-крос трка.

На денешната прес-конференција Панчо Чупаркоски од „Оф роуд- Прилеп“ клубот, како организатор, нагласи дека на на меѓународното рели со џипови овој викенд ќе учествуваат преку 120 натпреварувачи.

– На овој прв меѓународен рели-крос „Macedonian trophy“ се пријавени 40 учесници од Бугарија, 10-ина од Србија и 60-ина од Македонија, а ќе имаме натпреварувања во две категории: трофи и хоби категорија. Трофи категоријата е возење по тешко достапен терен, а в недела ќе се вози на полигонот кај Старо Лагово. В сабота ќе се возат таканаречени „три специјали“ и тој што има најкратко време на извозувањето на патеката, е победник. Почетокот на трките е кај Заполшки мост на излезот од Прилеп, се продолжува во месноста Шаторов камен и целта е да се пробие патот кон селото Селце. Овој спорт, кој се смета и за скап со добро подготвени возила, е новост во нашата земја и чест е што е Прилеп е домаќин и се надеваме дека ќе прерасне во традиција. Жирито ќе ги прогласи најдобрите и ќе им додели награди, рече Чупаркоски.

Скејтерот Драганче Наумчески објаснува дека в сабота од 18 часот во Скејт-паркот кај Паркот на револуцијата ќе се одржи натпревар на скејтери и ролери.

– Ќе учествуваат натпреварувачи од Македонија, поточно од Скопје, Велес, Штип и од Прилеп. Ова ќе биде можност да се видат вештините на македонските скејтери и публиката добро да се забавува, вели Наумчески.

В недела на полигонот кај Старо Лагово по четрти пат ќе се одржи меѓународна Мото-крос трка во организација на клубот „Скај рајдерс“. За претседателот на клубот Ѓорѓи Манчески денот на полигонот ќе биде атрактивен за гледачите.

– Мотокрос трката в недела е меѓународна и е во состав на шампионатот на Македонија. трката е од 11 часот в недела. Ќе има две возења на 40-те учесници од Србија, Бугарија, од Косово и од Македонија. Настанот ќе го надлетуваат моторни параглајдери, а воедно ќе возат и џиповите од првото рели-крос во Македонија, рече Манчески.

Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп се потврдува како град кој ги негува екстремните спортови, а потврда за тоа е и овој викенд.

– Екстремните спортови не само што се атрактивни, туку носат голем број посетители, а со тоа се популаризираат прилеп и македонија на светската мапа на адреналинските спортови. Ова е можност да ги поканиме сите посетители овој викенд, в сабота 15 и в недела 16 октомври да бидат во градот, вели Ристески.

Би можело да ве интересира

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска

Препорака до радиодифузерите најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

А1он

Косовски министер за спорт: Наскоро одлука за забрана на српски паралелни спортски активности

А1он