ВИДЕО: Виљареал експресно се врати во Примера!

Од:

Виљареал со победата во последното коло од шпанската Сегунда го обезбеди второто место на табелата и по една година се враќа во елитната Примера.

Популарната „Жолта подморница“ во последното коло со 1-0 славеше пред илјадниците свои фанови против Алмерија, со која го освоија второто место за директен пласман во најквалитетното шпанско фудбалско натпреварување.

Со пет бода предност лигата ја освои Елче, додека во плејофот за третото место меѓу елитата ќе се натпреваруваат Алмерија, Жирона, Алкоркон и Лас Палмас.

Виљареал минатата сезона испадна од Примера по сериозните финансиски проблеми во кои се најде, но и по неколкуте многу успешни сезони во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, неретко успешно парирајќи им на гигантите Барселона и Реал Мадрид.

И покрај елиминацијата, Виљареал задржа голем дел од своите талентирани и искусни играчи, како на пример екс-репрезентативецот Маркос Сена, и со поддршка од верните фанови експресно се вратија назад каде што заслужуваат да бидат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска