Репрезентацијата на Италија го освои третото место во Лигата на нации и тоа откако попладнево во Торино славеше над Белгија со 2-1.
Ова беше дуел во кој двете селекции пробаа да се надигруваат, но домаќините беа поуспешни и дојдоа до резултат кој им ја донесе „бронзата“ во ова натпреварување. Првиот дел заврши без голови со тоа што најзначајниот момент се случи во самиот финиш кога Куртоа имаше фантастична одбрана при обидот на Киеза.
Стартот на второто полувреме донесе водство на „нероаѕурите“ благодарение на одличниот волеј погодок на играчот на Интер, Барела. Во 65 минута четата на Манчини ја зголеми предноста преку Берарди и тоа со удар од 11 метри, додека конечните 2-1 ги постави нововлезениот Де Кетеларе во 86.
Ова издание на ЛН ќе биде затворено вечерва во Милано со битката меѓу Шпанија и Франција.