ВИДЕО: Тежок пораз за Арсенал од Баерн

Од:

Тежок пораз доживеаја избраниците на Арсен Венгер, кои вечерва беа поразени од Баерн Минхен со 1-3. Она што може да ги загрижува фановите на Арсенал, е очајната игра на нивните избраници во првиот дел, и во поголем период од второто полувреме.

Во првиот дел целосна контрола на мечот имаше екипата на Баерн Минхен, која не му дозволи во ниту еден момент на Арсенал да се закани по нивниот гол. Во тој период играчите на лондонскиот клуб изгледаа како аматерска екипа во споредба со германскиот гигант.

Најпрво во 7-мата минута Тони Крос со извонреден удар од далечина успеа да му донесе предност на својот тим, откако на работ од шеснаесетинкот одлично ја зафати повратната топка од Милер.

Германците и во продолжението не прекинаа со својата иницијатива, па во 21-вата минута таа беше крунисана и со втор погодок, откако најпрво Бан Бујтен одлично скокна по добро изведениот корнер на Крос, а по одбраната на Шчесни, налета Милер кој успеа да се запише во листата на срелците, и да му донесе убедлива предност на својот тим. До крајот на првиот дел, германскиот претставник рутински ја оддржуваше топката во своите нозе, и не му дозволуваше на Арсенал ниту да помисли да се закани. Тоа беше и конечниот резултат по првиот дел.

На старот на второто полувреме се виде желба кај фудбалерите на Арсенал да се прикажат во подобро издание, и да се обидат да го исправат поггрешниот пристап од првиот дел.

По воведните десет минути од првото полувреме кои поминаа во теренска иницијатива на „топџиите“, поранешниот играч на Баерн Минхен, Лукас Подолски успеа да го намали резултатот, откако најпрвин Манџукиќ и Данте направија грешка, судирајќи се еден од друг, а Ноер излета во празно по нафрлената топка, па така на германскиот репрезентативец во дресот на Арсенал, навистина не му беше тешко да ја затресе празната мрежа. По примениот гол, „баварците“ ја стабилизираа својата игра, и се обидоа да го смират темпото наметнато од страна на Арсенал. Сепак, фудбалерите на лондонскиот клуб ја вратија теренската иницијатива, и кога сите мислеа дека ќе успеат да стигнат до израмнување на резултатот, Лам со одлична асистенција до Манџукиќ кој навистина среќно, и со помош на Сања, успеа да го постигне третиот гол за германскиот претставник.

До крајот на мечот, немаше посериозни шанси, па така екипата на Баерн Минхен се враќа со голема победа од Лондон, и со едната нога е во четврт-финалето.

Со овој пораз и дефинитивно „топџиите“ ја заокружуваат црната сезона, останувајќи уште една година без трофеј во своите витрини.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска