Видео технологија (ВАР) од следната година ќе биде воведена на натпреварите во шпанската Примера, најави функционерот од Фудбалскиот сојуз на Шпанија Хуан Луис Лареа.
Шпанското првенство досега беше единственото од петте најсилни фудбалски лиги во Европа (Англија, Италија, Германија и Франција) каде не се употребуваше ВАР. Според претседателот на Примера Хавиер Тебас, овој систем на многу клубови им бил скап, но во меѓувреме се сменила ситуацијата.
– Следната сезона имаме намера да воведеме ВАР. Технологијата доаѓа во фудбалот и тоа мора да го прифатиме, изјави Лареа за шпански „Кадена Сер“.
Пред воведувањето во Примера, ВАР ќе биде тестиран на околу 70 натпревари во Шпанија.