ВИДЕО: Светски рекорд на 400 метри

Од:

Камила Муфат од Франција во финалето на 400 метри слободно го собори светскиот рекорд на Британката Џоан Џексон од Лидс 2009 година. Муфат славеше со време од 3.54,85 мин, што е за седум стотонки подобро од претходниот рекорд, но исто така подобар и од европскиот и од рекордот на првенствата. Второто место го освои Фрис од Данска со 3:58,85, додека уште една Французинка се најде на подиумот Корали Балми (3:59,80).

Првото финале на програмата во Франција беше трката на 1500 метри слободен стил. Тука најдобар беше Грегорио Палтринери од Италија со 14:27,78, втор Украинецот Фролов со 14:30,87, а третопласиран Паниери од Франција со 14:41,97.

Ласло Чех со одлична завршница во последните 100 метри стигна до златото на 200 метри пеперутка. На 50 метри беше четврти, на 100 метри петти, но потоа беше незапирлив, до првото место стигна со време од 1:52,11. Данецот Бромер беше втор кој доцнеше секунда и 27 стотинки, додека Велиден од Холандија ја освои бронзата со заостанување од секунда и 36 стотинки.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска