ВИДЕО: Суарез промаши пенал прв пат по 2016 година

Од:

Напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез се претвори во трагичар за својот тим во четвртфиналето на Копа Америка против Перу.

Голгетерот го промаши првиот пенал, откако во регуларното време натпреварот заврши 0:0, а неговиот пропуст се покажа одлучувачки, бидејќи до крајот сите изведувачи ги реализираа своите удари од 11 метри.

Така со 5:4 напред оди Перу, што е најголемо изненадување на турнирот досега.

По реализирањето на последниот петти пенал на Перуанците, напаѓачот се расплака на теренот, откако се обиде да ги сокрие солзите со дресот, но камерите го фатија.

Пропустот на Суарез од белата точка е негов прв во дресовите на Барселона и Уругвај од 2016 година наваму. До вчерашното промашување, тој имаше 15 гола по ред од белата точка.

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Ана Ололовска