Финалето на натпреварот во Фрајбург го одбележа неверојатниот потег на Давид Абрахам.
Фудбалерите на Фрајбург на домашен терен го совладаа Ајнтрахт со 1:0 во мечот во 11то коло од Бундеслигата кој го одбележаа црвени картони, но и потегот на Давид Абрахам кој на крајот сакајќи да дојде до топката го удри тренерот на противничкиот тим.
Кога Абрахам тргна по топката која излезе во аут, на патот му се испречи тренерот Кристијан Штрајх, а Абрахам го удри со рамото по што Штрајх одлета и падна на земјата.
Веднаш настана општ метеж бидејќи фудбалерите на домашниот тим влетаа на теренот со желба да се пресметаат со Абрахам.