Младиот пар во уметничко лизгање од Северна Кореја, Рио Тае-ок и Ким Ју-сик имаа спектакуларен настап на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Нивниот прв настап ги воодушеви љубителите на уметничко лизгање ширум светот и предизвикаа громогласни аплаузи во салата.
Тие играа на обработка на песната „A Day in the Life“ од Битлси и изведоа неверојатна „спирала на смртта“ во која лизгачката ја спушти главата на неколку сантиметри од мразот и со помош на партнерот правеше кругови.