ВИДЕО: Селтик ја нокаутираше Барса, Челзи во 94. минута до победа

Од:

Шампионот на Шкотска на домашен терен со 2:1 ја совлада големата Барселона. Убедливи победи на Баерн, Јувентус, Валенсија и Галатасарај, а Челси славеше над Шахтјор во последната секунда на Стемфорд Бриџ.

Селтик на вистински начин и се одмазди на Барселона за поразот во минатото коло.

На тој натпревар на Ноу Камп Каталонците славеа со 2:1 благодарение на погодокот на Жорди Алба во 93. минута, оставајќи со празни раце гостите кои до последен миг веруваа во голем гостински бод.

Сепак, по посетата на Шкотска Барса е таа која остана со празни раце, откако избраниците на Нил Ленон славеа пред своите навивачи со 2:1. Стрелци на головите за големата победа на Селтик беа Ванјама во 21. и Ват во 83. минута. Единствениот погодок за Каталонците беше дело на Меси во 90. минута.

Дербито помеѓу Челси и Шахтјор во целост ги оправда очекувањата, а на крајот домаќинот беше тој кој се радуваше на победата од 3:2. Триумф остварен во последните моменти од натпреварот кога по една нафрлена топка најдобро се снајде резервата Мозес.

Претходно по два погодока за своите екипи постигнаа Торес и Оскар за Челси и Вилиан во два наврати за Шахтјор.

Во вториот натпревар од групата Е Јувентус со 4:0 во Торино сосема очекувано го преслуша Нордсјеланд со головите на Маркизио, Видал, Џовинко и Кваљарела.

ГРУПА Е

Челси – Шахтјор 3:2 (2:1)
/Торес 6, Оскар 40, Мозес 90+4 – Вилијан 9, 47/

Јувентус – Нордсјеланд 4:0 (3:0)
/Маркизио 6, Видал 23, Џовинко 37, Кваљарела 75/

ТАБЕЛА: Шахтјор 7, Челси 7, Јувентус 6, Нордсјеланд 1.

ГРУПА Ф

Валенсија – БАТЕ Борисов 4:2 (2:0)
/Жонас 26, Солдадо 29п, Фехули 51, 86 – Брешан 53, Мозолевски 83/

Баерн – Лил 6:1 (5:0)
/Швајнштајгер 5, Пизаро 18, 28, 33, Робен 23, Крос 66 – Калу 57/

ТАБЕЛА: Баерн 9, Валенсија 9, БАТЕ 6, Лил 0.

ГРУПА Г

Бенфика – Спартак М. 2:0 (2:0)
/Кардозо 55, 69/

Селтик – Барселона 2:1 (1:0)
/Ванјама 21, Ват 83 – Меси 90+1/

ТАБЕЛА: Барселона 9, Селтик 7, Бенфика 4, Спартак 3.

ГРУПА Х

Клуж – Галатасарај 1:3 (0:1)
/Сугоу 53 – Јилмаз 18, 61, 74/

Брага – Манчестер Јунајтед 1:3 (0:0)
/Алан 49п – Ван Перси 80, Руни 84п, Ернандез 90+2/

ТАБЕЛА: Манчестер Јунајтед 12, Клуж 4, Галатасарај 4, Брага 3.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска