Себастијан Леб буквално немаше конкуренција на овогодинешниот натпревар на Пајкс Пик, освојувајќи го првото место со нов рекорд на патеката.
Уште при првиот обид со Peugeot 208 T16, оствари најдобро достигнување во историјата на трката 8:13.878 минути. Колку за споредба, досегашниот рекорд беше од минатата година, кога Рис Милен финишира со време од 9:46.164 минути.
На годинашново издание Милен со Hyundai PM580-T заврши втор, зад Леб, со заостанување од повеќе од 30 секунди (9:02.192 минути). Трет беше Жан-Филип Даер, со Mini Countryman и време од 9:42.740 минути.