ВИДЕО: Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Од:

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е победничка на првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија Опен, откако во финалето ја совлада Кинеската тенисерка Чинвен Женг со 6:3, 6:2. Втората тенисерка во светот ја одбрани минатогодишната титула, станувајќи првата тенисерка што ја одбранила титулата во Мелбурн по сонародничката Викторија Азаренка (2012, 2013). Воедно ја освои 14-та турнирска титула во кариерата.

За Сабаленка ова беше трето финале на најголемите турнири, со второ последователно славје во Мелбурн откако лани во септември загуби во финалето на УС Опен од Американката Коко Гоф (6:2, 3:6, 2:6). .

Досега, Женг не успеа да го помине четвртфиналето на големите турнири, а таа стана само втората кинеска што стигнала до финале на Грен слем. Пред неа во тоа успеа Ли На, која го освои Ролан Гарос во 2011 година и Австралија опен во 2014 година.

Белорусинката ја освои титулата со седум победи без загубен сет. Таа брилијантно влезе во финалниот меч. Таа веќе во вториот гем направи брејк, па поведе со 3:0 и го контролираше сетот до крајот. Сличен развој видовме и во вториот сет. Сабаленка на стартот веќе и го одзеде сервисот на противничката, а потоа направи нов брејк при резултат 3:1. Кинеската не се предаде, во осмиот гем спаси четири меч топки и имаше брејк топка, но не успеа.

Тоа беше нивна втора средба откако Сабаленка победи со 6:1, 6:4 во четвртфиналето на минатогодишниот УС Опен.

Во недела ќе следи машкото финале каде ќе се сретнат Италијанецот Јаник Синер кој во полуфиналето го елиминира Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Данил Медведев кој во пет сета го елиминира Германецот Александар Зверев по поразот со 2:0.

Би можело да ве интересира

Сабаленка ја победи најдобрата пријателка во тенисот, сите ја коментираат прегратката

Предраг Петровиќ

Поранешната сопруга на Константин Колцов тврди: Станува збор за несреќен случај

Мистеријата за смртта на Колцов: Постои сомнеж дека се самоубил

Ненадејно почина момчето на Арина Сабаленка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) По четири часа борба, Ѓоковиќ влезе во полуфиналето на Австралија опен: „Исцрпен сум“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија опен по меч кој не е виден повеќе од 50 години