(ВИДЕО) По четири часа борба, Ѓоковиќ влезе во полуфиналето на Австралија опен: „Исцрпен сум“

Од:

Новак Ѓоковиќ влезе во полуфиналето на Австралија Опен совладувајќи го Американецот Тејлор Фриц со 7:6, 4:6, 6:2, 6:3. Во тешки услови во Мелбурн, српскиот тенисер славеше по четири часа борба и сега го чека подобариот од мечот меѓу Италијанецот Јаник Синер и Русинот Андреј Рубљев. На Ѓоковиќ му требаа два и пол часа игра за да го направи првиот брејк бидејќи пред тоа пропушти 15 можности. Потоа успеа да го сврти натпреварот во своја полза.

„Тешко беше да го погодам тајмингот, сонцето беше силно. Уморен сум и исцрпен. Голем аплауз за Фриц, тој заслужи. Играше фантастичен тенис“, изјави Ѓоковиќ по победата.

Останатите четвртфинални двојки се Хуберт Хуркач и Русинот Даниил Медведев и Германецот Александар Зверев и Шпанецот Карлос Алкараз.

Ова е 11-ти пат во кариерата на Ѓоковиќ да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, а во сите 10 претходни случаи кога стигна до оваа фаза, на крајот ја освои титулата. За српскиот тенисер ова е воедно 33-та последовна победа на Австралија опен, последен пат загуби во 2018 година, во 4. коло од Кореецот Хјеон Чунг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ го дозна својот ривал во полуфиналето на Вимблдон, а тоа е сензационалниот Лоренцо Мусети

Горан Наумовски

Новак Ѓоковиќ без борба оди во полуфиналето на Вимблдон

Ѓоковиќ: Давам се од себе за да бидам подготвен за Вимблдон

(ВИДЕО) Неизвесност на Ролан Гарос: Ѓоковиќ не тренира, чека резултати од магнетната резонаца

Ѓоковиќ е „запрен“ во полуфиналето на АТП турнирот во Женева