(ВИДЕО) Неизвесност на Ролан Гарос: Ѓоковиќ не тренира, чека резултати од магнетната резонаца

Од:

Во третото и четвртото коло на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ мина повеќе од девет часа на теренот, а поради лошата состојба на теренот го повреди коленото, денеска оди на магнетна резонанца, по што ќе одлучи дали ќе продолжи да игра на Ролан Гарос.

Тој на мечот против Лоренцо Музети ноќта меѓу саботата и неделата се пожали на состојбата на теренот, па движењето беше отежнато.

Уште поголеми проблеми имаше на мечот во понеделникот против Франциско Серундоло.

Тој не беше расположен на прес-конференцијата кога зборуваше за болките и состојбата на коленото. Уште повеќе ги исплаши сите кога истакна дека постои можност да се повлече уште пред четврт-финалето со Рудо кое е закажано за в среда.

– Има шанса да се откажам. Има, зависи колку е сериозно, колкава штета е направена. Не е во мои раце.Ќе направам некои работи вечерва за да го забрзам закрепнувањето, но коленото е коленото, еден од главните зглобови во телото. Со коленото не се прави многу – рече на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

Новак Ѓоковиќ е поразен, Синер се пласираше во финалето на егзибицијата „Шест кралеви“

Горан Наумовски

Ѓоковиќ е поразен во егзибицискиот меч во Софија од Григор Димитров

Горан Наумовски

Ѓоковиќ: Не е лесно да се игра во ваква атмосфера

A1on

Ѓоковиќ испадна од УС Опен: Го играв најлошиот тенис досега

Еуроспорт се извини за хрватското знаме покрај името на Ѓоковиќ