Поранешната сопруга на Константин Колцов тврди: Станува збор за несреќен случај

Од:

Смртта на момчето на Арина Сабаленка, Константин Колцов (42) продолжува да ја интригира јавноста, особено поради двете верзии кои се официјално објавени, прво дека причина за смртта е белодробна емболија, а потоа дека се работи за самоубиство, како што соопшти полицијата во Мајами.

Сега се појавува нова верзија, бидејќи нови детали за овој случај откри поранешната сопруга на Константин Колцов, Јулија Михајлова, со која има три деца.

Таа смета дека полицијата предвреме донела заклучок за самоубиство и дека всушност може да се работи за несреќен случај. Тaa тврди дека Колцов најверојатно бил многу пијан и не бил свесен за своите постапки, а во хотелскиот апартман каде што се наоѓал биле пронајдени празни шишиња со алкохол.

– Само што разговарав со лекар специјалист. Истражителите ги однеле материјалите на токсиколошки испитувања. Сите резултати ќе бидат готови за еден месец. Полицијата ги задржала телефонот и лаптопот на Константин додека не заврши истрагата. Засега не може со сигурност да се каже дали се работи за самоубиство или несреќен случај – изјави Михајлова.

Ја прашале какво е нејзиното мислење, а таа истакнала дека сите се сомневаат дека Константин не планирал самоубиство.

– Тоа беше несреќен случај. Сè уште го имаме стариот семеен компјутер со е-поштата на Константин. Ја знаев лозинката и успеав да отворам некои мејлови. Константин резервирал повеќе станови на друга локација. Набавките кои се уште не пристигнале се платени. Пред извесно време изнајмил автомобил. Односно немал намера да умре. Сè може да ви падне на ум, но немаше трага од трагедија – рече Михајлова.

Би можело да ве интересира

Сабаленка ја победи најдобрата пријателка во тенисот, сите ја коментираат прегратката

Предраг Петровиќ

Мистеријата за смртта на Колцов: Постои сомнеж дека се самоубил

Ненадејно почина момчето на Арина Сабаленка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка со победа ја започна одбраната на титулата во Мелбурн

Сабаленка се вакцинираше против коронавирус

А1он