Ненадејно почина момчето на Арина Сабаленка

Од:

Константин Колцов, поранешен белоруски хокеар, ненадејно почина на 43-годишна возраст. Колцов беше поранешен играч на НХЛ, а последните две и пол години беше во врска со Арина Сабаленка.

„Со длабоко жалење ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Тој беше силна и весела личност, сакана и почитувана од играчите, соиграчите и навивачите“, соопшти Салават Јулаев, клубот во кој беше тренер.

Сабаленка е втората тенисерка во светот. Таа неодамна го освои Австралија опен, додека Колцов ја бодреше од трибините. Последниот меч го одигра пред шест дена во Индијан Велс, кога беше поразена од Американката Ема Наваро. Оваа недела таа требаше да игра на турнир во Мајами.

Би можело да ве интересира

Сабаленка ја победи најдобрата пријателка во тенисот, сите ја коментираат прегратката

Предраг Петровиќ

Поранешната сопруга на Константин Колцов тврди: Станува збор за несреќен случај

Мистеријата за смртта на Колцов: Постои сомнеж дека се самоубил

ВИДЕО: Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка со победа ја започна одбраната на титулата во Мелбурн

Сабаленка се вакцинираше против коронавирус

А1он