Мистеријата за смртта на Колцов: Постои сомнеж дека се самоубил

Од:

Како што пренесуваат белоруските медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата во Мајами, поранешниот хокеар и партнер на тенисерката Арина Сабаленка – Константин Колцов (42) се самоубил.

Од Мајами пристигна трагична вест дека почина избраникот на Арина Сабаленка, вториот тенисер во светот, Константин Колцов, освојувач на олимписки медал во хокеј. Најпрво беше објавено дека причина за смртта е згрутчување на крвта, но белоруските медиуми објавија дека Колцов се самоубил.

„Според истрагата, во понеделникот, на 18 март, околу 12:39 часот, пристанишната полиција и противпожарната служба отишле во болница за да го згрижат човекот кој скокнал од балконот. Не се пронајдени сомнителни околности“, изјави портпаролот на полицијата за белоруските медиуми.

Да потсетиме дека Колцов играше за репрезентацијата на Белорусија на Олимписките игри во 2002 и 2010 година и помина дел од три сезони со Питсбург пингвинс од 2002 до 2006 година.

„Со длабока тага ве известуваме дека почина тренерот Константин Колцов“, се вели во соопштението на Салават Јулаев, кој е со седиште во рускиот град Уфа.

“Тој беше силна и весела личност, беше сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите. Константин Евгениевич засекогаш влезе во историјата на нашиот клуб. Нека почива во мир”.

Би можело да ве интересира

Сабаленка ја победи најдобрата пријателка во тенисот, сите ја коментираат прегратката

Предраг Петровиќ

Поранешната сопруга на Константин Колцов тврди: Станува збор за несреќен случај

Ненадејно почина момчето на Арина Сабаленка

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка со победа ја започна одбраната на титулата во Мелбурн

Сабаленка се вакцинираше против коронавирус

А1он