Кристиано Роналдо во кралската палата Ел Пардо за малку ќе се посрамотеше, па гумата за џвакање на приемот кај кралицата ја пикна в џеб.
Роналдо ја прими наградата за најдобриот спортист од областа на Пиринејскиот Полуостров и Јужна Америка.
Таа награда се доделува во склоп со шпанските национални награди за најдобри спортисти, а признанието го дава самата Кралица Софија.
На првото предупредување само се насмеал, а кога го предупредиле втор пат се откажал. Го жртвувал оделото, па гумата за џвакање ја ставил во џебот.