На вториот ден од новата сезона во Лигата на шампионите, на дербито на денот помеѓу европскиот шампион Челзи и италијанскиот шампион Јувентус видовме одличен натпревар и реми од 2:2.
21-годишниот Бразилец Оскар за две минути постигна два преубави погодоци, во 31. и 33. минута за шест минути подоцна Артуро Видал да намали на 2:1. Конечните 2:2 ги постави Фабио Кваљарела во 80. минута по одличното додавање на Маркизио.
Барселона поведе во 14. минута преку Тело, а по половина час игра Алвеш си постигна автогол. Комплетен пресврт за рускиот тим донесе Ромуло во 58. минута. Лионел Меси се погрижи да нема сензација на Ноу Камп со два гола во 71. и 80. минута.
Големо изненадување направи БАТЕ Борисов, кој во 2. квалификациско коло го елиминира Вардар. Белорускиот тим со 3:1 славеше на гостувањето против Лил.
Баерн Минхен го сруши бункерот на Валенсија со голот на Швајнштајгер во 38. минута, а во второто полувреме Тони Крос погоди за 2:0, а Валдез само го ублажи поразот во самиот финиш.
Група Е
Челси – Јувентус 2:2
Шахтјор – Нордсјаеланд 2:0
Група Ф
Баерн Минхен – Валенсија 2:1
Лил – БАТЕ Борисов 1:3
Група Г
Барселона – Спартак Москва 3:2
Селтик – Бенфика 0:0
Група Х
Брага – Клуж 0:2
Манчестер Јунајтед – Галатасарај 1:0