ВИДЕО: Реал славеше и покрај тренирањето строгост на Мурињо

Од:

Седум голови, два црвени картони, еден пенал, еден хет-трик и уште многу возбудувања беше епилогот од денешниот натпревар во рамките на 18. коло од шпанската Примера помеѓу екипите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад.

Во трилер натпреварот којшто се одигра на Сантијаго Бернабеу избраниците на Мурињо славеа тешка победа од 4:3 врз екипата на Реал Сосиедад.

Натпреварот одлично го отворија играчите на Реал Мадрид. Карим Бензема уште во втората минута од натпреварот погоди за водство на домаќините.

Тренерот на Реал Жозе Мурињо повторно го изостави Касиљас од првиот состав и го остави на клупата, а на голот стоеше Антониот Адан.

Меѓутоа, тоа траеше само пет минути. Голманот на Реал заработи директен црвен картон уште во шестата минута од натпреварот, а на негово место во игра влезе Касиљас, но не успеа да го одбрани пеналот на Чаби Прието кој израмни на 1:1.

Трофејниот стратег на „кралевите“ беше спасен од целосно фијаско од својот сонародник Кристијано Роналдо, кој што со два погодоци во второто полувреме успеа да му донесе на Реал недостижна предност од 4-2. Чаби Прието, кој што во првото полувреме два пати го матираше Касилјас, го комплетираше својот хет-трик со прецизен удар во вториот дел, но и тоа беше недоволно за Реал Сосиедад да остане непоразен на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, свирежите што беа упатени кон Мурињо од страна на сите домашни навивачи пред почетокот на натпреварот се јасен доказ за незадоволството од ваквите одлуки на стратегот на „кралевите“, носени на штета на долгогодишниот капитен на Реал Мадрид. Овојпат резултатот го спаси Португалецот, но останува да се види што ќе се случува во следниот период, особено ако се знае дека сега Адан ќе заработи суспензија од неколку натпревари, па Жозе ќе мора да реши дали конечно да попушти и да го врати Касилјас на голот, или шанса да му даде на третиот чувар на мрежата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска