ВИДЕО: Реал поразен во Дортмунд, нов кикс на Сити

Од:

Фудбалерите на германскиот шампион Борусија дортмунд му го нанесоа првиот пораз во годинешнава сезона во Лигата на шампионите на Реал Мадрид.

Тимот на Жозе Мурињо доживеа пораз од 2:1. Германците дојдоа во водство на натпреварот преку Левандовски во 36. минута, но нивната радост беше запрена по само две минути откако Кристијано Роналдо го израмни резултатот.

Упорноста на домашниот да слават против големиот Реал Мадрид се исплатеше во вториот дел кога Шмелцер во 64. минута го заокружи конечниот триумф.

Манчестер Сити загуби во Амстердам од Ајакс со 3:1 останувајќи на досега освоениот само еден бод.

„Граѓаните“ први дојдоа до водство преку Насри во 22. минута, но се потоа беше во знакот на Холанѓаните. Најпрво Де Јонг во 45. минута израмни на 1-1, а потоа Моисандер во 57. и Ериксон во 68. минута ја донесоа убедливата победа за Ајакс.

РЕЗУЛТАТИ

Група А

Порто – Динамо Киев 3-2

Динамо Загреб – ПСЖ 0-2

Табела: Порто 9 бода, ПСЖ 6, Динамо Киев 3, Динамо Загреб 0

Група Б

Арсенал – Шалке 0-2

Монпеље – Олимпијакос 1-2

Табела: Шалке 7 бода, Арсенал 6, Олимпијакос 3, Монпеље 1

Група Ц

Малага – Милан 1-0

Зенит – Андерлехт 1-0

Табела: Малага 9 бода, Милан 4, Зенит 3, Андерлехт 1

Група Д

Борусија Д. – Реал Мадрид 2-1

Ајакс – Манчестер сити 3-1

Табела: Борусија Д. 7 бода, Реал Мадрид 6, Ајакс 3, Манчестер Сити 1

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска