ВИДЕО: Реал Мадрид во финалето на Кралскиот куп

Од:

Голем триумф за фудбалерите на Реал Мадрид во вечерашното „Ел Класико“ во кое избранциите на Мурињо, успеаја да го поразат составот на Барселона со 3:1 на гостувањето на реванш натпреварот од полуфиналето во Кралскиот куп.

Во првиот дел следевме една израмнета игра во која очигледно подобро се снајдоа гостите од Мадрид, кои благодарение на пробивот на Роналдо, кој во дуел еден на еден против Пике успеа да изнуди пенал, и во 13-тата минута да му донесе водство на својот тим, и да ја замолчи до тогаш гласната публика на Камп Ноу.

По овој погодок, Барселона ја засили својата иницијатива и имаше неколку обиди да го израмни резултатот. Најголемата прилика за тоа ја имаше Лионел Меси, во 40-тата минута кога од слободен удар лукаво биеше по земја, и се обиде да го изненади Диего Лопез, но за негова среќа топката заврши покрај голот. За издвојувањње се и обидите на фудбалерите на Барса да направат притисок кон судијата Маљенко, и по пеналот на Роналдо на неколкупати се обидоа да изнудат удар од 11 метри за „каталонците“.

На старот на вториот дел се гледаше желбата кај фудбалерите на Барселона да го надокнадат загубеното од првото полувреме, но се она што се случуваше понатаму ќе биде само за заборав во мислите на фановите на Барса.

Најпрво во 50-тата минута одлична шанса на Коентрао, кој излезе во шанса еден на еден, но не успеа да реализира, прилика која само го најави она што се случи во 57-мата минута кога по контрата на Ди Мариа, во која одлично го исфрли од игра Пујол, но немаше среќа да го совлада Пинто, Кристијано Роналдо го „начека“ отпадокот и крајно сконцентриран успеа да погоди во празната мрежа, за големо водство од 0-2. Само 11-тина минути подоцна, Варан одлично се крена во воздух, по корнерот на Ди Мариа, и со прекрасен удар со глава, успеа да го совлада Пинто и да му донесе огромна предност на својот тим од 0-3, за голема радост на клупата на „кралевите“. До крајот на мечот, се што успеаја да направат фудбалерите на Барселона, беше само постигнувањето на почесен погодок, кој беше дело на Жорди Алба, по одличната асистенција на Иниеста. На крајот, голем триумф за „кралевите“ кои успеаја да се пласираат во финалето на Купот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска