ВИДЕО: Реал Мадрид славеше на Олд Трафорд

Од:

Екипата на Реал Мадрид се пласираше во четврт-финалето од Лигата на Шампионите, откако вечерва славеше на Олд Трафорд со 2:1.

Во првиот дел и двете екипи почнаа многу внимателно. Во првите 15-тина минути гостите ја контролираа топката, но без ниту еден удар кон противничкиот гол.

Напрптив, Јунајтед беше екипата која преку контра напади се закануваше по голот на Лопез. Во 22-рата минута, Немања Видиќ ја имаше најголемата прилика, откако по корнерот на Ван Перси, одлично скокна и ја затресе стативата. Како и да е, на полувремето се замина со резултат од 0-0.

Во вториот дел го гледавме тоа што сите го очекувавме. Врвен фудбал ни приредија актерите на двата тима. Најпрво во 48-мата минута, Серхио Рамос по една мешаница, ја смести топката во сопствената мрежа, за голема радост на Олд Трафорд. До тој момент, Јунајтед имаше целосна контрола на мечот, и изгледаше дека на Реал Мадрид ќе му биде навистина тешко, да дојде до пресврт.

Сепак, во 57-мата минута, Нани, гледајќи во воздухот ја крена ногата високо и не го виде Арбелоа, по што со отворена копачка, удри во неговите ребра, што подразбира црвен картон, но само доколку таму има намера.

Од тој момент, целосна доминација на Реал, па така во 66-тата и 69-тата минута набрзина целосен пресврт за „кралевите“ и голема предност во преостанатите 20-тина минути од мечот. До крајот Фергусон ги уфрли сите адути во игра, што резултираше со многу прили за Јунајтед, кој сепак немаше доволно среќа да постигне погодок, бидејќи Руни, Видиќ, Ван Перси, промашија 100% прилики за гол. Вечерва можеби се беше против Јунајтед, среќата, судијата, едноставно лоша вечер за „ѓаволите“.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска