ВИДЕО: Реал и Манчестер одигра 1:1

Од:

Без победник заврши дуелот во Мадрид, Јунајтед поведе, Роналдо израмни а Робин Ван Перси испушти можност за победа.

Реал тргна фуриозно, одбраната на Јунајтед делуваше несигурно на почетокот, се забележуваше колку недостасува Видиќ, кој најверојатно не е спремен да одигра два натпревари во три дена.

Веќе во петтата минута Коентрао ја погоди стативата од голот на Де Геа, но Англичаните ги преживеаја првите минути, па во 20. минута Дани Велбек успеја да го замолкне Сантијаго Бернабе. После корнерот од десната страна највисок во скокот беше напаѓачот на Јунајтед кој со удар со глава го матираше Диего Лопез.

На Реал му беа потребни само десет минути од примениот погодок да се врати во игра и да го израмни резултатот. Во 30.минута после уфрлувањето на Ди Мариа, Кристијано Роналдо со совршен скок и удар со глава успеа да го совлада Де Геа. Секако треба и да се напомене дека португалецот не го прослави погодокот против неговиот поранешен клуб.

Извонредна можност да го врати Јунајтед во предност испушти Велбек во 33. минута, но напаѓачот на Манчестер беше за малку непрецизен.

Реал потоа ја превзема иницијативата и создаде две одлични шанси преку Озил, но германецот сепак не успеаја да се запише во листата на стрелците.

Извонредна можност за Реал имаше Коентрап кој биеше кон голот на англичаните но извонредниот Де Геа со една рефлексна интервенција успеаја со нога да го одбрани својот гол.

Десет минути подоцна возврати Робин Ван Перси, кој во само половина минута имаше две феноменални можности. Првата ја одбрани Лопез со помош на стативата, а при втората Чаби Алонсо успеај да ја исфрли топката од гол линијата.

Во последните дваесетина минути темпото на игра опадна па двете екипи беа сконцентрирани на одбрана на својот гол, па останува одлулата за патникот во четвртфиналето да падне на Олд Трафорд.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска