Францускиот претставник во Лигата на Шампионите, екипата на ПСЖ, успеа да слави минимален триумф од 2-1 на тешкото гостување во Валенсија.
Стрелци на головите за ПСЖ беа Лавеци, и Пасторе во 10-та односно 43-та минута.
Во вториот дел, шпанската екипа се обиде да ја намали оваа предност и во 90-та минута Рами успеа да го стори тоа, со што го направи неизвесен реваншот во Франција.
Она што ќе остави дамка на овој триумф на ПСЖ, е црвениот картон на Ибрахимовиќ, сосем непотребно во 91-та минута, па останува да се види колку тоа ќе го чини францускиот тим.