ВИДЕО: Професионален голман двапати спречи момче да постигне гол за неговиот роденден и ја згрози јавноста

Од:

Унгарскиот голман Жомбор Сенко беше исвиркан од бројни фанови и доби жестоки критики на социјалните мрежи откако на полувремето на мечот меѓу МТК и Диосѓори двапати спречи дете да постигне роденденски гол, што го растажи момчето целосно.

Овој настап требаше да биде убаво изненадување за момчето Варга кое го прославуваше својот роденден и овој недостаток на емпатија ги шокираше сите што го погледнаа видеото.

Дали Жомбор Сенко беше нерасположен затоа што неговиот тим губеше со 2:0 на полувремето, бидејќи се играше за прво место на табелата, а детето го носеше дресот на противничката екипа?

Во секој случај, овој потег предизвика бурни реакции, а во соопштението за медиумите, тренерот на Диосѓори се обиде да објасни што се случило, тврдејќи дека клубот не бил информиран за роденденското изненадување.

„Доколку некој сака ДВТК да биде партнер за добротворни цели или роденден, минимумот е да бидеме однапред информирани. Тоа не беше случај овде. Мислам дека ваквата акција ги става играчите, стручниот тим и поддржувачите на другиот тим во незгодна позиција. Не е нормално обидот на домашниот навивач да постигне гол, противничкиот голман да го брани“, изјави гостинскиот тренер.

Во исто време, Жомбор Сенко се извини за инцидентот и вети дека ќе го покани момчето и неговите родители да присуствуваат на претстојниот натпревар.

„Многу сме среќни што оваа приказна може да заврши позитивно“, одговори таткото на Варга, смирувајќи се со голманот.

“Не го обвинуваме Жомбор, тој само го направи она што беше побарано од него. Сопственикот на ДВТК беше еден од првите што не контактираше. Му благодариме за поканата и ја прифаќаме. Не сме огорчени”, рекол таткото на момчето. .

Во меѓувреме, по натпреварот МТК Будимпешта го повика момчето да се дружи со играчите, што донекаде му го подобри расположението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Груби за играњето фудбал: Јас дриблам, а градоначалникот на Тирана даде гол со пета

Орце Костов

Лука Станковски го постигна првиот гол за Горица

Познат фудбалер во критична состојба по троен мозочен удар, лекарите се борат за неговиот живот

Ана Ололовска

Савичевиќ: Само во Хрватска има култ кон репрезентацијата и затоа се успешни

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност