ВИДЕО: Пред мечот Албанија-Србија во Тирана повторно сцени со кинење знамиња

Од:

Пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Албанија и Србија беа видени голем број сцени, како и пред секој натпревар помеѓу двете репрезентации.

Во видеото објавено на порталот Hooliganz.cz, неколку лица облечени во облека со грбот на Албанија носат знаме со грбот на ОВК, таканаречената Ослободителна војска на Косово, додека до нив се млади мажи кои се нетегнуваа со знамето на Србија кое го искинаа, по што го газеа.

Ден пред натпреварот, домаќините ги развиорија своите знамиња на стадионот, а можеше да се види значително намалено српско знаме.

Сепак, еден час пред дуелот, се чини дека домаќините се предомилсија и го вратија нормалното знаме во иста големина како и другите на стадионот.

На улиците на Тирана има голема тензија, навивачите му пеат на Адем Јашари, носат знамиња на Косово, го палат српскиот тробојки. Сето ова може да значи дека избраниците на Драган Стојковиќ Пикси ќе се соочат со вистински пекол на стадионот „Ер Албанија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?