Трендот со грешки на судиите продолжи на вечерашниот натпревар меѓу БиХ и Нигерија, но кој на босанскиот национален тим му беше поништен регуларен гол.
Џеко во 21. минута одлично беше проигран во простор, кој втрча во шеснаесетникот и го матираше противничкиот голман, но голот беше поништен поради офсајд.
Дека Џеко не се наоѓа во недозволена позиција се виде уште при самата акција, а сето тоа беше потврдено и при повторената снимка, која покажува дека тој не е ниту во линија, туку се наоѓа околу еден метар зад последниот играч од одбраната на Нигерија.