ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Од:

ФИФА, на големо изненадување на фудбалската јавност, во својата анализа на судиските одлуки, арбитрите ги оценила на задоволително ниво.

Но ФИФА призна дека Босна и Херцеговина е елиминирна благодарение на судиска грешка.

-Сакавме сè да помине без скандал и ниедна репрезентација да не биде испратена дома поради судиска грешка, што судиите успеаја да го остварат со исклучок на Босна, е наведено во анализата, а пренесува шпанска „Марка“.

„Змаевите“ на првенството се поразени прво од Аргентина со 2:1, а потоа во одлучувачкиот меч доживеаја пораз од Нигерија од 1:0, но главниот судија од Нов Зеланд, на Един Џеко му поништи чист гол поради непостоечки офсајд, а и при постигнувањето на голот на Еменике, тој го фаулираше капитенот на Босна Емир Спахиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат