ВИДЕО: Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на експресниот пат Штип – Кочани, во близината на селото Тркање, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу две патнички возила, марка „пежо 3008“ и „фолксваген УП“. Едното од возилата по сообраќајката се запали, при што интервенираше кочанската пожарна единица за да го изгасне огнот.

На местото на несреќата интервенираа Итната медицинска помош од Кочани, ТППЕ – Кочани, како и полицијата. Сообраќајот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни патишта.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 07.03.2025 година, околу 14:00 часот, во СВР Штип била пријавена сообраќајната незгода. Според изјавите, двата возачи починале на местото на несреќата, а увидот е во тек.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он