ЛДП: Кој и зошто го разреши професорот Митко Димовски од директорското место во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје

Од:

Либерално-демократската партија прашува кој и зашто го разрешува директорот на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, професорот Митко Димовски, во период кога училиштето го одбележува својот значаен јубилеј – 70 години постоење, реагираат од ЛДП.

Оваа неочекувана и неправедна одлука, донесена во еден час, без јасни причини и аргументи, претставува удар врз вредностите на чесното, посветено и одговорно управување во образовните институции.

Професорот Димовски е признат професионалец и вистински лидер кој со својата посветеност и визија придонесе кон унапредување на образованието и создавање подобри услови за учениците.

ЛДП го поддржува секој професионалец кој работи во интерес на учениците и образовниот систем, а политичките одлуки кои се носат без јасни образложенија не смеат да бидат во функција на лични, партиски или нејасни агенди.

Бараме од надлежните институции аргументирано да ја образложат оваа одлука и да овозможат континуитет во управувањето со гимназијата, во најдобар интерес на учениците, наставниот кадар и целата заедница.

Образованието мора да биде заштитено од неосновани и политички мотивирани одлуки.

ЛДП останува на страната на професионалноста, чесноста и образовниот интегритет, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите