Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Од:

Светското фудбалско првенство по четири години ќе се игра во Катар, потврди денеска Насер Ал Катер од центарот за комуникации при на Организацискиот комитет на Мундијалот.

– Не се грижиме околу шпекулациите дека СП 2022 нема да се одржи во нашата земја. Ние се држевме до високи етички норми и запазивме многу стандарди и поради тоа сме самоуверени и сигурни дека Мундијалот 2022 ќе се игра во Катар, изјави Ал Катер за телевизијата „Ал Џезеира“.

Тој додаде дека Катар нема што да крие во врска со обвинувањата за корупцијата. Катар е под истрага, исто како и Русија домаќинот на СП 2018.

– За жал луѓето го спомнуваат само Катар, секогаш кога ќе се покрене темата за корупција. Што се однесува до Мохамед Бин Хамам, поранешниот член на ФИФА обвинет за корупција, можам да кажам дека тој не го претставуваше Катар на изборот за домаќин во 2022 година, потенцира Ал Катер.

Од Катар уште еднаш ги отфрлија обвинувањата за местење при изборот за домаќин на СП 2022 и повторија дека земјата е подготвена да го организира шампионатот без разлика дали Мундијалот би се играл вo лето или во зима.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ