ВИДЕО: Полицијата не дозволи ФК „Кожуф“ да игра на Градскиот стадион во Гевгелија

Од:

Дваесетина членови на полициските сили на СВР Гевгелија денеска беа распоредени на сите влезови на Градскиот стадион и не дозволија влез на фудбалерите на ФК „Кожуф“ и ФК „Партизан“ од Обршани. Тие имаа уредно закажан натпревар во рамките на Третата фудбалска лига – Југ.

Влезот кон соблекувалните им беше затворен со синџири и четворица припадници на полициските сили им го оневозможуваа пристапот кон објетите.

kozufVtorDen (1)

Претседателот на ФК „Кожуф“, Роберт Елбасанов, побара од полициските сили и од луѓето од другата страна на портата да им отворат, бидејќи натпреварот бил закажан во 17 часот, а гостинскиот тим остана на паркингот од игралиштето. Судиската тројка на чело со Кристијан Гаревски, заедно со официјалниот делегат Васе Делев, беа присутни, исто така, во закажаното време и сведоци на целиот настан на блокада на Градскиот стадион.

Во очекување на разврската на паркингот, пристигна началникот на Полициската станица по општа надлежност-Гевгелија ,Илија Делев, и во разговор со делегатот Васе Делев му соопшти дека игралиштето е дадено на користење на ФК „Миравци“ и ФК „Кожуф“ нема што да бара тука.

kozufVtorDen (2)

„Од кога полицијата е судија? Ние баравме полициска асистенција од СВР Струмица, под чија надлежност е СВР Гевгелија, бидејќи стадионот е забарикадиран од нив и не можеме да влеземе да го одиграме натпреварот. Ваму, началникот пресудил кој треба да игра, а кој не“, велат разочараните членови на ФК „Кожуф“.

Претставниците на гостинскиот тим имаа разбирање за домаќините, но не и за целата шарада околу барикадите на стадионот.

kozufVtorDen (3)

„Нам не ни е до бодови. Натпреварот требаше да се одигра. Некој горе ги мати работите. Ако имаа ум, немаше да дојде до ова“, велат претставниците на ФК „Партизан“ од Обршани.

Наместо фудбалска фешта, за гевгелиските миленици на „Кожуф“, навивачите Фантоми и бројната публика останаа пред стадионот, разочарани што нема да го гледаат својот тим на дело.

kozufVtorDen (4)

Претставниците на двата тима направија официјален записник во кој како забелешка стои дека теренот не е достапен поради присуство на полициските сили. Понатаму треба да се изјасни комесарот за натпревари во Третата фудбалска лига – Југ, кој треба да одлучи дали натпреварот ќе се преигра на друг терен или бодовите по службен пат ќе се впишат на контото на „Партизан“.

kozufVtorDen (6)

Разочарани од игрите и од опструкциите што им се сервираат од почетокот на есенската фудбалска сезона, играчите и управата на ФК „Кожуф“ изјавија дека следните натпревари ќе ги играт во Поликастро, Република Грција, бидејќи само таму локалната власт од Гевгелија нема да може да врши притисок. Пред закажаниот натпревар во Гевгелија кожуфци се обидоа да го обезбедат теренот во Богданци, но и таму наишле на затворена врата од тамошната градоначалничка на која ѝ се јавиле локални партиски моќници од општина Гевгелија.

„Сè ова е политика со намера ФК ‘Кожуф’ да згасне“, вели претседателот на ФК „Кожуф“, кој бара разбирање од сите надлежни за да продолжи фудбалот и фудбалската историја на клубот.

А.Д.

 

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан и кој одбиваше помош за да не ги остави своите кучиња

Орце Костов

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска