Реал Мадрид на домашен терен го совлада Рајо Валекано, во рамките на 24-то коло од шпанската Примера.
Реал рано стигна до водство, веќе во третата минута по една одличната асистенција на Кака, младиот Мората од пет метри ја спроведе топката во голот.
Во 12-та минута „Кралевите“ имаат водство од 2-0. По одлично изведениот слободен удар на Месут Озил, Рамос најдобро се снајде и со глава постигна гол за зголемување на предноста.
Глупоста на Серхио Рамос го чинеше црвен картон. Откако топката го погоди во рака, тој се фати за лице, а за симулирање судијата му покажа втор жолт картон, кој минута предходно го заработи првиот, и со тоа Реал остана со играч помалку до крајот на средбата.
Но гостите не успеаа да го искористат тоа и резултатот остана непроменет.
Реал сега е на само четири бода од второпласираниот Атлетико. Во другиот вечерашен натпревар, Еспањол славеше над Бетис, а единствениот гол го постигна Гарсија во 7-та минута.