Со натпреварот Сарагоса – Бетис кој заврши со победа на гостите од Севиља со 2:1, синоќа започна 18.коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија. Стрелци на головите за Бетис беа, Рубен Кастро (44) и Хорхе Молина (58), додека единствениот гол за Сарагоса го постигна Пако Монтањес (77).
Со овој триумф и новите три бода, Бетис се зацврсти на петтата позиција на табелата и сега има вкупно 31 бод, колку што има и четвртопласираната Малага.
По четири натпревари во Примера ќе се играат во текот на викендов, а двојките за денеска се:
- Леванте – Атлетик Билбао
- Гранада – Валенсија
- Депортиво Ла Коруња – Малага
- Севиља – Осасуна.
За во недела се закажани средбите:
- Селта Виго – Ваљадолид
- Реал Мадрид – Сосиедад
- Барселона – Еспањол
- Мајорка – Атлетико Мадрид.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Рајо Ваљекано – Хетафе.
Табела: Барселона 49 бодови, Атлетико Мадрид 40, Реал Мадрид 33, Малага 31, Бетис 31, Леванте 27…