Фудбалерите на Арсенал победија на Алијанц Арената во Минхен со 2:0 но немаа сили за трет погодок на ова гостување, што би ги однел во четвртфиналето.
Оливие Жиру на самиот старт, во третата минута од средбата, по уфрлувањето на Волкот од десната страна погоди за 1:0.
Во 85. минута, Кошчиелни со удар со глава по вторпат го совлада Нојер и Арсенал на само еден погодок до реализација на плановите.
Но, тоа беше се од избраниците на Венгер, иако победија на овој меч, сепак, доживеаја елиминација и Баерн Минхен е тимот кој патува во четвртфиналето од ЛШ.
Меѓу осумте најдобри е и Малага, по триумфот од 2:0 вечерва. Иско во 43. минута го отвори резултатот, на почетокот на вториот дел Порто остана со играч помалку по исклучувањето на Дефур, а Роке Санта Круз постигна гол за четвртфинале во 77.минута од мечот.