Екипата на Јувентус без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Шампионите. „Старата Дама“ по триумфот во Глазгов со 3:0, вечерва на својот стадион го победи Селтик со 2:0 и заслужено се пласираше во следната фаза.
По коректната претстава на фудбалерите од двата табори и навивачите на двата клуба покажаа како треба да се бодри својот тим.
Групата навивачи на Селтик константно одговараше на песните од страна на навивачите на Јуве, а чин на почит меѓу противниците покажаа и двете страни.
Навивачката класа фановите ја покажаа каде преку заштитната ограда ги разменија шаловите од своите клубови. Секоја чест момци!