ВИДЕО: Најдобрите нокаути во 2014 година

Од:

Годинава што изминува покрај многуте светски настани, ја одбележаа и голем број атрактивни удари во боречките спортови, кик бокс и други. Ова е краток преглед на најинтересните потези и нокаути, за сите љубители на боречките вештини .

2014 година ја одбележа подвигот на српскиот боксер Душан Џакиќ, кој прв му пружи помош на својот противник од Хрватска и со тоа му го спаси животот, но и страшниот нокаут на кик боксерот Љубо Јаловија, за кој зборуваше светот.

1. Енди Ли – Џон Џексон

Во мечот кој беше вовед за главната борба за титулата светски првак, фаворитот Енфи Ли запиша 24 нокаути во кариерата. Енди во првата рунда во крузер категорија со страшно кроше го погоди во брада Џон Џексон, по што лекарите мораа да интервенираат и да го спасуваат.

2. Мариан Русу -Бен Шнајдер

Доколку некој меч завршил бргу тогаш тоа е овој, бидејќи Мариан со неверојатна брзина со лево кроше, го турна на подот Шнајдер.

3. Џевад Потурак – Аберахман Кулибалиј

Најдобриот кикбоксер од БиХ, Потурак извојува победа со кроше над Французинот кој заврши на под во арена во Зеница.

4. Рејнолд Денијелс – Франсоа Амбанг

Денијелс најпрвин со лево кроше го турна на подот Амбанг, по што овој се крена на нозе, но вториот налет со кружен удар на ногата и вртење за 360 степени, Амбанг не успеа да го издржи и остана неподвижен да лежи на подот.

5. Нокаут на годината

Борбата која ја одбележа страшен двоен удар на нога со свртување.

6. Алекс Трофимов – Љубо Јалови

Страшен потег на српскиот кик боксер, кој со колено го совлада противникот во првата рунда.

7. Џош Саман- Еди Гордон

Во овој меч Саман во втората рунда со неверојатен потег го турна на под Гордон.

8. Најбрз нокаут

Еден од натпреварувачите нестрпливо чека борбата да започне, додека другиот мирно го следи знакот на судијата. Само што беше даден знак за почеток на мечот, нестрпливиот борец се залета во обид веднаш да го нокаутира противникот, кој го изнанади со директ и го турна на под.

9. Алистер Оверим- Стефан Струв

Алистер со серија удари целосно го онесвести противникот, поради што судијата мораше да реагира.

10. Хозе Џонстон -Алан Греј

Во аматерска борба во Мичиген, Хозе со удар со нога му го извади окото на Греј по што борбата беше прекината.

11. Летачко колено

12. Лиото Мачида – Долавеј

Јапонскиот борец во првите 50 секунди од мечот беше повлечен, давајќи му надеж и можност на противникот да го нападне, а потоа за само десет секунди и неколку брзи и забранети удари го нокаутира.

13. Меч на годината

Мајкл Биспинг и Чунг Ли

Биспинг го реши двобојот во своја корист со серија удари со нога, од кои еден беше особено кобен за продолжување на борбата на Ли.

14. Бојан Великовиќ – Николај Алексахин

Српскиот борец го совлада Русинот со задушување во втората рунада на хуманитарен турнир.

15. Со нога во глава

16. Душан Џакиќ – Себастијан Емини

Една од највпечатливите борби на неодамнешен турнир беше онаа помеѓу српскиот натпреварувач Душан Џакиќ и Храватот Себастијан Емини , кога Џакиќ му го спаси животот на Хрватот.

17. Џесика Ај – Лесли Смит

Двобојот помеѓу двете американки беше особено крвав за што сведочи и повреденото уво на Смит. Имено Џесика во првата рунда од мечот со десно кроше го погоди увото на Смит и го раскрвари, а потоа продолжи да нанесува удари на повреденото место на својата противничка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја