Италијанскиот мотоциклист Романо Фенати доби отказ од тимот на Маринели Снајперс по инцидентот на вчерашната трка возена за Големата награда на Сан Mарино.
Фенати во еден момент од трката се доближи до Стефано Манци и при брзина од околу 200 км/час се обиде да ја притисне неговата кочница со што животно го загрози ривалот на патеката. Двајцата возачи претхондо имаа кошкања на патеката , при што Манци го избутка Фенати од патеката.
Манци беше казнет со шест позиции, додека надлежните го санкционираа Фенати со суспензија од две трки.
Од Маринели се извинија за однесување на својот досегашен возач во Мото 2 шампионатот.
– Тимот се дистанцира од постапката на Фенати и се извинува на целокупната спортска јавноста. Тоа што тој го направи е лоша порака за сите, и за гледачите и за спонзорите, соопштија од Маринели.