Македонската фудбалска репрезентација со пораз од 3-1 од Австрија го почна дебитантскиот настап на Европското првенство.
Марко Арнаутовиќ ја запечати победата на Австријците во воведниот натпревар од групниот сегмент кога во последната минута од средбата постигна го голот за конечните 3-1. Претходно Грегорич во 78 минута со голот по асистенција на Алаба му донесе на встрискиот тим клучна предост за исчекор кон триумфот. Тој ја капитализираше иницијативата што во вториот дел ја имаше Австрија.
Во првото полувреме, Австријците го имаа почетното водство, Лајнер ја погоди мрежата на Димитриевски веќе во 18 минута, но само десетина минути подоцна одговори Пандев израмнувајќи на 1-1. Капитенот го постигна историскиот прв гол за македонската репрезентација на европските првенства.
Во следното коло од групата, македонската репрезентација, в четврток се среќава со Унгарија во натпревар кој исто така ќе биде одигран во Букурешт.